Лабуништа Новости Сабота 21.02.2026
Вечерва до нашиот медиум пристигна топол рамазански селам од нашите браќа Лабуништани кои живеат и работат во Сан Џорџо, Италија.
И таму, како и секаде каде што има Лабуништани, љубовта кон верата и заедништвото беа јасно видливи – џамијата беше претесна за да ги собере сите верници кои се собраа на ибадет во овој благословен месец Рамазан.
Овој прекрасен и организиран џемат со голема посветеност го предводи почитуваниот имам Ајдоган еф. Ибраими, кој со својата работа и ангажман постојано придонесува за јакнење на верата и единството меѓу верниците.
Вечерва гостин на џематот беше и почитуваниот Кура хафиз Азиз еф. Алили, чие што присуство и учење дополнително ја разубавија рамазанската вечер и оставија силен духовен впечаток кај присутните. Овие сцени се уште еден доказ дека, и далеку од татковината, Лабуништани остануваат цврсто поврзани со својата вера, традиција и меѓусебна солидарност.
Рамазанските ноќи во Сан Џорџо сведочат за жива и активна заедница која со гордост ги негува исламските вредности.
Аллах нека ги награди сите кои придонесуваат за ваквите убави собири и нека го прими нивниот ибадет.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...
Адреналин, сила и страст кон оф-роуд возењето – тоа најдобро го опишува Енес „Па...
Во 2024 година, малото но деловно моќно село Лабуништа уште еднаш покажа дека пр...