Лабуништа Новости Недела 21.06.2026
Високо на падините на планината Јабланица, на само неколку километри од Лабуништа, се наоѓа едно од највпечатливите природни богатства во Македонија – Лабунишките Бачила, место кое мештаните со гордост го нарекуваат и „Лабунишките Алпи“.
Низ својот фотообјектив, љубителот на природата Амер Демиши уште еднаш ја доловува величественоста на оваа планинска убавина. Неговите фотографии сведочат за недопрената природа, зелените пасишта, кристално чистите извори и импозантниот врв Стрижак, кој со своите 2.233 метри надморска височина доминира над целиот предел.
Лабунишките Бачила одамна се омилена дестинација за љубителите на планинарењето, фотографијата и мирот што го нуди планината.
Во непосредна близина се наоѓаат и глацијалните Лабунишки Езера (Локви) , кои дополнително ја збогатуваат природната убавина и го прават овој предел едно од најатрактивните места за активен туризам во земјата.
Фотографиите на Амер Демиши уште еднаш потсетуваат дека за да се доживеат пејзажи кои наликуваат на швајцарските Алпи, не е потребно да се патува далеку. Доволно е да се посети Јабланица и Лабунишките Бачила – место каде природата ја покажува својата најубава страна.
Лабунишките Бачила се вистински бисер на Јабланица и гордост на Лабуништа – дестинација која секој љубител на природата треба барем еднаш да ја посети.
Лабунишки Бачила се оддалечени само 6 км од Лабуништа и до таму се стигнува со секакво превозно средство по асфалтиран пат.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...