Известувања Лабуништа Новости Недела 16.03.2025
Денес, во просториите на џамијата „Еманет“, во топла и братска атмосфера, група млади Лабуништани кои работат и живеат во провинцијата Тревизо, Италија, го основаа хуманитарното друштво „Лабуништа“.
Целта на оваа иницијатива е да се обезбеди поддршка за оние на кои им е најпотребна, како во Лабуништа, така и во пошироката заедница. Формирањето на ова друштво е доказ за солидарноста и меѓусебната поддршка на Лабуништани, без разлика каде се наоѓаат во светот.
На настанот присуствуваа бројни членови на заедницата, кои со задоволство ја поздравија оваа иницијатива и изразија подготвеност да дадат свој придонес во остварувањето на хуманитарните цели.
За претседател на хуманитарното друштво "Лабуништа" е избран ценетиот фармацевт Дрини Нуроски.
Новоформираното друштво планира различни активности, како организирање добротворни акции, помош за семејства во социјална неволја, поддршка на образованието и здравствената заштита, како и зачувување на културниот и духовниот идентитет на заедницата.
Членовите на „Лабуништа“ упатија порака дека секој кој сака да помогне и да биде дел од оваа мисија е добредојден, бидејќи само заедно можеме да направиме вистинска промена.
Секој што сака да стане член и да биде дел од оваа хумана иницијатива, може да се обрати кај следните задолжени лица:
📞 Дрини Нуроски – 3534282315 (Претседстел)
📞 Анес Ќазимоски – 3894548861
📞 Арбен Максутоски - 3772960422
📞 Елмедин Ќазимоски – 3297539184
Со оваа иницијатива, Лабуништани во Тревизо уште еднаш покажаа дека хуманоста и солидарноста немаат граници.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...