Туризам Понеделник 08.09.2025
На 1.700 метри надморска височина, на падините на планината Јабланица, се наоѓаат Лабунишките бачила – жив споменик на една длабока традиција што го одржува ритамот на животот меѓу луѓето и природата.
Овде, генерации сточари го продолжуваат вековниот начин на живот, претворајќи го свежото млеко во препознатливото планинско сирење. Планинската клима, чистата изворска вода и природните пасишта ја даваат таа посебна арома и квалитет што не може да се најде на друго место.
Но, бачилата не се само за љубителите на гастрономијата. Тие се место каде што природата го освојува секој посетител – од врвот Стрижак и двата кристално чисти леднички езера, до богатството од билки, боровинки, малини и планински цвеќиња. А кога ќе падне ноќта, небото над бачилата се претвора во еден од најубавите ѕвездени спектакли во регионот.
Europe House Struga со гордост ја поддржува оваа приказна, затоа што Лабунишките бачила се повеќе од традиција – тие се живо наследство што заслужува да биде зачувано и споделено.
📍 Ако патот ве однесе над Струга, ова е едно од местата што вреди да го откриете.
Фотографи: Maja Janevska-Ilieva & Samir Demishi Благодарност за Saban Ademoski кој беше дел од екипата со Europe House Struga и помогна околу реализацијата.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...