Петок 01.05.2026
Вклучи се во нашата заедница
Umbrella
03:42
Имсак
04:56
Сабах
05:31
Сонце
12:43
Полден
16:33
Икиндија
19:43
Акшам
21:24
Јација

Контактирај со месната заедница на Лабуништа

Прегледи: 1.116.887

Контактирај со месната заедница на Лабуништа

Екипата на Бинај е шампион на меморијалниот турнир во Лабуништа

Лабуништа Новости Вторник 01.07.2025


ЛАБУНИШТА – Во атмосфера исполнета со спортски дух и пред повеќе од 700 гледачи, вечерва се одигра финалето на традиционалниот меморијален турнир во мал фудбал, кое донесе многу емоции, динамична игра и неочекуван крај.

Финалниот натпревар ги соочи екипите на Бинај од Лабуништа и Лавадо Кафе од Струга, кои во текот на целиот турнир покажаа врвен квалитет и борбеност.

Први до предност дојде тимот на Лавадо Кафе со гол постигнат од слободен удар, но екипата на Бинај не дозволи резултатот да остане непроменет. Во завршницата на првото полувреме, по одлична тимска акција, изедначија на 1:1.

Второто полувреме целосно му припадна на тимот на Бинај, кој со доминантна игра создаде серија шанси и постојано го притискаше противничкиот гол. Клучниот момент се случи во последните минути од натпреварот, кога играч на Лавадо Кафе играше со рака во својот петерец. Главниот судија досуди пенал за Бинај, што предизвика бурни реакции кај играчите на Лавадо Кафе.

Наместо да продолжат со игра, тимот на Лавадо Кафе го напушти теренот во знак на револт, а по неколку неуспешни обиди на судијата да ја продолжи играта, беше донесена одлука за службена победа на екипата на Бинај.

Со ова, екипата на Бинај ја освои титулата на овогодинешниот меморијален турнир, оставајќи силен впечаток со својата борбеност, дисциплина и спортски карактер.

Пред финалниот меч се одигра уште еден натпревар за трето место помеѓу екипата на Бени Ерол од Струга и екипта на БерберШоп Мухаммед од Лабуништа на кој натпревар, победа оствари екипата на БерберШоп Мухаммед и со тоа го освои третото место.

Турнирот уште еднаш ја потврди својата важност како значаен спортски и општествен настан во регионот, привлекувајќи големо внимание и поддршка од локалната заедница.

Прегледи: 997

Биди умен

Во џума не излегви со кола.

#сподели
Најчитани новости
Неверојатната Приказна на Мухаммед Хусрев од Лабуништа: Живот Полн со Борба и Наследство
Неверојатната Приказна на Мухаммед Хусрев од Лабуништа: Живот Полн со Борба и Наследство
Недела 26.01.2025

Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...

Пресели Д-р Минур Мемишоски – Почитуван Стоматолог
Пресели Д-р Минур Мемишоски – Почитуван Стоматолог
Сабота 15.02.2025

Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...

Пронајден камен со природни арапски написи „Аллах“ и „Мухаммед“ во Лабуништа
Пронајден камен со природни арапски написи „Аллах“ и „Мухаммед“ во Лабуништа
Сабота 30.08.2025

При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...

Се продава куќа со двор во Лабуништа – 540 м² куќа + 1500 м² двор
Се продава куќа со двор во Лабуништа – 540 м² куќа + 1500 м² двор
Среда 03.09.2025

Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...

Масовен јавен собир во Лабуништа: Граѓаните бараат решенија за проблемите со обложувалниците и гејминг клубовите
Масовен јавен собир во Лабуништа: Граѓаните бараат решенија за проблемите со обложувалниците и гејминг клубовите
Петок 24.04.2026

Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...

Познато новото раководство на Лабуништа – еве кој ќе ја води месната заедница!
Познато новото раководство на Лабуништа – еве кој ќе ја води месната заедница!
Сабота 10.01.2026

Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...

Ејлем Бекироска од Лабуништа освои бронзен медал на меѓународниот натпревар INFOMATRIX ASIA 2026 во Астана
Ејлем Бекироска од Лабуништа освои бронзен медал на меѓународниот натпревар INFOMATRIX ASIA 2026 во Астана
Петок 27.03.2026

Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...

Селото му посакува среќно пензионирање на Сафет Демиралеиски – човекот што ја пресметуваше не само математиката, туку и добрината
Селото му посакува среќно пензионирање на Сафет Демиралеиски – човекот што ја пресметуваше не само математиката, туку и добрината
Петок 31.10.2025

По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...

Честитка до д-р Ферид Салкоски од жителите на Лабуништа по повод стекнувањето на титулата субспецијалист по педијатриска пулмологија
Честитка до д-р Ферид Салкоски од жителите на Лабуништа по повод стекнувањето на титулата субспецијалист по педијатриска пулмологија
Петок 25.04.2025

Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...

Првите Лабуништани на Хаџ: Патување со трагичен крај
Првите Лабуништани на Хаџ: Патување со трагичен крај
Недела 09.02.2025

Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...

Асфалтирани улици, но без лик — време ли е за вистински ред?
Асфалтирани улици, но без лик — време ли е за вистински ред?
Недела 16.11.2025

Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...