Лабуништа Новости Недела 06.09.2026
На 17 октомври 2026 година во Сусегана, Италија, ќе се одржи донаторска вечер наменета за поддршка на доградбата и проширувањето на Мехмед Али Пашината џамија во Лабуништа.
Настанот ќе се одржи во Исламскиот центар „Еманет“ во Сусегана, со почеток во 19:00 часот.
Главен гостин на вечерта ќе биде Енис ефендија Максутоски, имам на Горна џамија во Лабуништа. За подготовката на храната ќе биде задолжен Мусо Јускоски од ресторанот „Кај Лордот“.
Целта на донаторската вечер е да се соберат средства кои ќе помогнат во продолжување на градежните активности и доградбата на џамијата, проект кој се реализира со поддршка на верниците и лабунишката дијаспора.
Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани да присуствуваат и, во рамките на своите можности, да дадат придонес за реализацијата на овој значаен проект.
„Заедно да придонесеме за проширување на нашата џамија, за генерациите што доаѓаат.“
Донаторската вечер е организирана со поддршка на Хуманитарното здружение „Лабуништа – Италија“.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...