Известувања Новости Вторник 29.04.2025
Мештаните од село Лабуништа и околните населени места добиваат можност за незаборавно пролетно патување низ Босна и Херцеговина, со заминување на 12 мај (понеделник) во 22:00 часот. Организатор на ова патување е ДООЕЛ „Султан Турс“, агенција позната по своите духовно-културни тури.
Екскурзијата започнува со посета на Врело Буне и познатото Благајско теќе, потоа следува прошетка низ живописниот Мостар и малото гратче Јабланица. Во вечерните часови патниците ќе бидат сместени во хотел во главниот град – Сараево.
На 14 мај (среда) групата ќе го посети паркот Врело Босне, селото Ковачиќ и планината Требевиќ – омилено излетничко место со прекрасни панорамски погледи.
Третиот ден, 15 мај (четврток), е резервиран за истражување на срцето на Сараево – Баш чаршија, како и за посета на две значајни џамии: Газихусрев-беговата џамија и Царевата џамија, позната и како џамијата на султан Мехмед II Фатих.
Последниот ден, 16 мај (петок), е предвидено слободно време до Џума-намаз, со можност за шопинг во локалните трговски центри и подготовка за враќање.
Цената на понудата изнесува 140 евра по лице, и ги вклучува: превоз со автобус, три ноќевања во хотел и појадок.
Организаторот „Султан Турс“ ДООЕЛ ги повикува сите заинтересирани навреме да го резервираат своето место и да уживаат во спојот на природа, култура и духовност што го нуди Босна и Херцеговина.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...