Новости Недела 02.08.2026
Bismillah ves-salatu ves-selamu ala Resulillah, ve ba'd>
Поаѓајќи од фактот дека се наоѓаме во период кога голем број од нашите браќа муслимани под ова наше поднебје, прават свадби, одлучив да им пружам искрен совет до младоженците како потсетување за адабите на првата брачна ноќ и слично околу тоа. Се надевам дека после читањето на овој текст ќе научат некои важни работи сврзани на таа тема и нема да ме заборават во Нивните дови!
ПИСМО ДО МЛАДОЖЕНЕЦОТ
Ес-селаму алејке, драг младоженецу, веднаш штом слушнав дека си запловил во брачните вода одлучив срдечно да ти честитам и да ти посакам благословен брак исполнет со љубов, разбирање и мноштво деца! Колку прекрасен е твојот избор за животниот партнер! Драг младоженецу! Знај дека бракот е почитувана институција во исламот, затоа првиот чекор во бракот нека ти биде сигурен и во согласност со исламските нормативи.
Јас сакам да ти упатам неколку совети преку ова писмо во врска со првата брачна ноќ, па потруди се да ги примениш.
Драг младоженецу! Во врска со првата брачна ноќ постојат востановени исламски прописи кои многу од нив сопр-ужниците не ги знаат. Ќе ти наведам неколку од нив како упатство за идниот брачен пар:
1- Влези во брачната соба со абдест;
2- Клањај два рекати. Абдуллах ибн Мес'уд р.а. рекол: „Кога ќе ја доведеш невестата во својата куќа (прва брчна ноќ), нека таа зад тебе клања два рекати, а ти речи: Аллахумме барик ли фи ехли ве барик лехум фијје. Аллахуммеџма‘ бејнена мâ џема‘те би хајрин ве феррик бејненâ изâ ферракте иле’л-хајри”.
3- Пред брачната средба проучи дова како што рекол Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.: „Кога некој од вас пред да и пријде на својата жена проучи: Бисмиллахи. Аллâхумме џеннибне’ш-шејтâне ве џеннибни’ш-шејтâне мâ резактенâ, доколку од тој акт се добие дете, шејтанот нема никогаш да му наштети.” (Бухари, Муслим) Во друг хадис стои: „Кога мажот има однос со својата жена, па пред тоа не проучи Бисмиллах, доаѓа џин и заедно со него ја прави таа работа.” (Ибн Џерир ет-Табери, Хаким, Тирмизи, Невадирул-усул) Последица на тоа е крварење или уништување на плодноста на спермата.
4- Стави рака на чело на невестата и изговори “Бисмиллах”, а потоа проучи дова молејќи го Аллах џ.ш. за нејзин берекет. Пренесува Бухари дека Пратеникот а.с. рекол: „Кога некој од вас ќе се ожени, нека го спомне Возвишениот Аллах, потоа нека замоли за берекет со зборовите: (Аллахумме инни ес'елуке мин хајриха ве хајри ма џебелтеха 'алејхи, ве 'еузу бике мин шерриха ве шерри ма џебелтеха 'алејхи) „Господару, ти се молам од неа да ме снајде само добро, добро со кое Ти си ја создал, а барам заштита кај Тебе од нејзиното зло, и злото на оној со кое Ти си ја создал.”
5- Внимавај да бидете покриени при интимниот однос. Треба да се има срам од Аллах џ.ш. и од мелеките, а да се избегнува погледот на џинните и шејтаните. Исто така Ибн Маџџе пренесува: „Кога некој од вас има однос со својата жена, нека се покријат и не разоткријат потполно за да не би изгледале како две магариња.”
6- Обиди се да бидеш нежен и љубезен, бидејќи така порачал Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.: „Не приоѓајте им на жените како што приоѓаат животните врз своите женки.”
7- Чувај го својот интимен однос во тајност, сокриен од очите на другите.
8- Интимниот однос врши го само во плодницата, а начи-ните и формите не се строго одредени туку зависат од вашата волја. Возвишениот Аллах вели: „Жените се ниви ваши, и на вашите ниви приоѓајте им како сакате...“ (Бекаре, 223)
9- Никому немој да му го раскажуваш својот интимен живот. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: „Навистина, кај Аллах џ.ш. на Судниот ден најлоша положба ќе има оној човек кој ќе има интимен однос со својата жена, и таа има однос со него, па потоа тој ги открие нејзините тајни (го опишува настанот).” (Муслим)
10- Брате мил, биди едноставен во својот дом, избегнувај грубост и суровост, бидејќи кога ќе се најде нежноста и благ-оста во нешто само ќе ја зголеми убавината на нештото, а кога ќе отсуствува нежноста нештото станува обезличено. Знај дека со оваа сопруга ќе живееш долг живот па почни го бракот со приближување до Аллах џ.ш.
Овие беа накратко – драг младоженецу – важни совети за првата брачна ноќ, па немој да ги занемариш или ги сметаш за безвредни. Ариф еф Рамадани
Едно прашање. Една шанса. Колку добро ги знаеш правилата?
1 учесници во квизот денес
Едно прашање. Една шанса. Колку добро ги знаеш правилата?
1 учесници во квизот денес
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...