Живот и здравје Новости Понеделник 03.02.2025
Најпрвин му искажуваме благодарност на Аллах Возвишениот, Господарот на сите светови, истовремено му донесуваме салават и селам на последниот Аллахов пратник, Мухаммед а.с., на неговото семејство, асхаби, табиини и сите искрени следбеници на овој дин до Судниот ден.
Возвишениот Аллах кој себеси во Кур’анот се нарекува „Алламул-гујуб“ Познавач на невидливото, (Алимул-гајби веш-шехадети) Оној кој го познава видливито и невидливото, значи познавач на минатото, сегашноста и иднината најавува дека човештвото ќе го стави на разни искушенија:
وَلَنَبْلُوَنَّكُمْ بِشَيْءٍ منَ ٱلْخَوفْ وَٱلْجُوعِ وَنَقْصٍ منَ ٱلأَمَوَالِ وَٱلأَنفُسِ وَٱلثَّمَرَاتِ وَبَشرِ ٱلصَّابِرِينَ
„Ние ќе ве искушуваме, сигурно, со неколку работи: и со страв, и со глад, и со губење на имотот и животот и летнините... но, зарадувај ги трпеливите!“ (Ел-Бекаре, 155)
Значи оваа состојба во која се наоѓа светот е Аллахово искушение и испит да се вразуми светот и човекот и да ги увиди своите погубности кога чекори надвор од Аллаховата стаза. Но ние како муслимани секогаш бараме утеха во Божјата вера, бидејќи за секоја болест Возвишениот Аллах дал и лек. Во една ваква состојба, потребно е од исламски аспект да побараме антидепресив. Значи лек кој ќе ја ублажи оваа состојба, лек кој ќе им пружи духовен мир и спокој на луѓето.
Одговорот на ова прашање можеме да го пронајдеме во зборовите на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. кој често му ги упатувал на Билал р.а.:
يا بلال أقم الصلاة أرحنا بها
„О Билале, проучи езан или икамет, одмори не со намазот.“ (Ахмед, Ебу Давуд)
Исто така и кога него го погодувало некоја тага, секирација, грижа веднаш се посветувал на клањање намаз. (Ахмед). Со други зборови: „да се растеретиме со намазот преку кого ќе ги заборавиме овосветските искушенија, несреќи, неволји и секојдневни проблеми. А во намазот во секој ќе побараме помош од Возвишениот:
„Само Тебе те обожаваме и само од Тебе помош бараме.“
Без Аллахова помош ќе чувствуваме несигурност, слабост и немоќ.
И самиот Кур’ан нè повикува себеси да се помогнеме користејќи ги две средства: првото е стрпливост и намаз. Аллах вели:
يَا أَيُّهَا الَّذِينَ آَمَنُوا اسْتَعِينُوا بِالصَّبْرِ وَالصَّلَاةِ إِنَّ اللَّهَ مَعَ الصَّابِرِينَ
„О верници, барајте помош за себе во стрпливост и извршување намаз! НАвистина Аллах е на страната на издржливите.“ (Ел-Бекаре, 153)
Користете го намазот како лек за душа и тело. Намазот како лек е составен од суннети, ваџиби и фарзови, Намазот може да се користи при лекување на леност, сите форми на безделничарење и денгубење, лекува од бес, огорченост, завист, озборување и пренесување на туѓи зборови и сите негативни пороци.
Пред користење на овој лек потребно е да се земе абдест или гусул доколку е потребно. Лекот не користи доколку се користи во состојба на џунуплук, доколку не се користи со чист нијет и искрена намера за постигнување на неговите ефекти. При користење на овој лек не се забележани негативни контраиндикации, тој е погоден и делотворен за сите категории на луѓе. Првенствено треба да се користи во стоечка состојба, па при немоќ може да се употребува (извршува) седечки, или лежечки или во која било друга состојба зависно од можноста. Лекот наречен НАМАЗ е пропишан во мираџ, во директен контакт меѓу Аллах, Сепштиот Господар и почесниот Пејгамбер Мухаммед а.с. Овој лек е пропишан пет пати дневно и тоа во одредено време. Трајноста на лекот е до Судниот ден. Лекот има пријатен вкус па можат да го користат и децата.
Дека намазот е лек ни потврдува хадисот на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. : ورُوي عن الرسول الأعظم صلى الله عليه وسلم أنه قال لأبي هريرة رضي اللهعنه لما وجده يشتكي من وجع بطنه" قم فصلّ" فإن الصلاة شفاء" رواه ابن ماجه في سننه
Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. му рекол на Ебу Хурејре р.а. кога се пожалил за некаква стомачна болка: „Стани и клањај, бидејќи намазот е лек.“ (Ибн Маџе)
Светската здравствена организација предупредува дека глобалната финансиска криза најверојатно ќе предизвика поголеми проблеми со менталното здравје како и пораст на стопата на самоубиства, со оглед на тоа дека луѓето се борат со сиромаштијата и невработеноста.
Долгови, очај, чувство на изгубеност како последица на финансиската криза, можат да поттикнат низа негативни појави, песимизам, нестабилност, разочарување во општеството. Во таква тешка состојба кај луѓето се појавуваат духовни болести стрес, депресија, разочарување и слично.
Драги браќа! Намазот спаѓа во највредните дела после иманот - верувањето во Аллах, дури и во медицински книги се спомнува дека намазот е најголем помошник за постигнување на овосветски и оносветски користи, намазот е причина за ризк, чување на здравјето, отстранување на неволји, отклонување на мрзливоста, активирање на органите, отворање на градите, релаксација, храна за душата, светлина за срцето, чување на благодетите, отстранување на казната, оддалечување од шејтанот и неговите сплетки, приближување до Аллах џ.ш.... Намазот е лек за многу болести со Аллахова дозвола.
Возвишениот Аллах му наредува на својот пејгамбер:
وَأَقِمِ الصَّلَاةَ إِنَّ الصَّلَاةَ تَنْهَى عَنِ الْفَحْشَاءِ وَالْمُنْكَرِ
„Клањај намаз, навистина намазот одвраќа од развратни и одвратни дела.“ (Анкебут, 45)
Ако погледнеме во тефсирот на овие Аллахови зборови можеме без дилема да сфатиме и заклучиме дека намазот е средство за спречување од лоши дела и дека оној кого намазот не го спречува од лоши и одвратни дела како да не клањал намаз.
Пратеникот а.с. како што пренесува Таберани рекол:
„Оној кого намазот не го спречува од лоши и одвратни дела, како да нема намаз.“ А во друго предание стои: „ لم يزدد بها من الله إلا بعداً„Со намазот не постигнува кај Аллах ништо друго освен оддалечување.“
Намазот се одликува со одлики кои неможат да се најдат во друг ибадет. Тие се:
Тој е прв ибадет кој е задолжен после Тевхидот. (Верување во Аллаховото единство)
Тој е последен ибадет кој ќе биде изгубен од оваа вера.
Тој е прв ибадет за кого ќе биде прашан човекот на Судниот ден.
Тој е единствен ибадет кој е пропишан на овој уммет во благослове-ната ноќ „Лејлету-л-Мираџ“ од над седмото небо.
Тој е најмногу спомнат ибадет во божјата книга Кур’ан дури над стотина пати, поради неговата вредност и почест.
Тој е ибадет за кого жителите на џехеннем ќе бидат прашани:
مَا سَلَكَكُمْ فِي سَقَرَ قَالُوا لَمْ نَكُ مِنَ الْمُصَلِّين
„Што ве доведе во огнот Секар?“ А овие ќе речат: “Не бевме од оние кои намаз клањаа.“ (Ел-Муддессир, 42:43)
Затоа Аллах џ.ш. наредил да се клања намаз дури и во воена состојба Салату-л-Хауф.
Тој е ибадет кој е пропишан на слободен и заробен човек, на присутен и патник, на здрав и болен, на машки и женски пол, на богат и сиромав..
Тој е ибадет од кого зависи примањето на сите други ибадети како: пост, садака, хаџџ, џихад итн. Колку е вреден и значаен овој ибадет се гледа во тоа што тој бил наредуван и практикуван од секој Аллахов пратеник.
وَاجْعَلُوا بُيُوتَكُمْ قِبْلَةً وَأَقِيمُوا الصَّلَاةَ وَبَشِّرِ الْمُؤْمِنِينَ
„Им објавивме на Муса и неговиот брат да изградите куќа во Мисир за својот народ и вашите куќи направете ги божји храм и клањајте намаз..“ (Јунус, 87)
يَا بُنَيَّ أَقِمِ الصَّلَاةَ
„О синко клањај намаз...“ (Лукман, 17)
وَأْمُرْ أَهْلَكَ بِالصَّلَاةِ وَاصْطَبِرْ عَلَيْهَا لَا نَسْأَلُكَ رِزْقًا نَحْنُ نَرْزُقُكَ
„Нареди му на своето семејство намаз и издржи на тоа..“
وَأَوْصَانِي بِالصَّلَاةِ وَالزَّكَاةِ مَا دُمْتُ حَيًّا
И ми порачал да клањам намаз и зекат додека сум жив.“ (Мерјем, 31)
Намазот е најдобар начин на обраќање кон Аллах џ.ш. и најдобро барано засолниште од сите бељи и сите проблеми. Особено денес, во ова атомско време кога човекот трчајќи за корка леб и материјализмот го изгубил својот духовен живот и рамнотежа.
Некои научници кои се занимаваат со оваа тематика, со лекување на пациентите преку молитва, и дека секој вид на молитва без оглед каков да биде и во каква форма ако се изврши со скрушеност, концентрација, и медитација има голема улога и влијание во лекување на болните. Во еден текст на Вашингтон пост научниците потврдиле дека оние кои редовно се посветуваат на молитва без оглед од која вера да припаѓаат уживаат со подобро здравје и душевна стабилност и не патат од внатрешно нарушување или растројство.
Додека според студијата извршена на универзитетот во Калифорнија каде се опфатени верници од различни вери, истражувачите потврдиле дека верникот има помал процент на опасност за ненадејна смрт и други хронични болести.
Значи нам ни преостанува да ги пробаме овие божји рецепти кои и современата наука ни го потврдува истиот ефект. Намазот, зикрот, сабурот се лекови од Аллаховата аптека, лекови кои немаат за никого контраиндикации.. Аллаху наш помогни ни да Те споменуваме Тебе, да Ти се заблагодаруваме и најдобро што е можно да Ти робуваме. АМИН!!!!!!!!
Ариф еф Рамадани
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...
Адреналин, сила и страст кон оф-роуд возењето – тоа најдобро го опишува Енес „Па...
Во 2024 година, малото но деловно моќно село Лабуништа уште еднаш покажа дека пр...