Лабуништа Новости Недела 02.02.2025
Младиот и перспективен фудбалер Анес Максутоски, кој има само 17 години , веќе го трасира својот пат кон врвот на македонскиот фудбал. Своите први фудбалски чекори ги направи на шестгодишна возраст во ФК Лабуништа, каде што ја започна својата кариера. На десет години се приклучи на младинскиот тим на ФК Велешта, каде што помина четири сезони, покажувајќи огромен напредок и талент.
Неговиот потенцијал не остана незабележан, па следната станица во неговата кариера беше прволигашот Струга Трим и Лум, каде што продолжи да се развива во младинските категории. Со својот труд, дисциплина и посветеност, успеа да се наметне и да добие шанса да тренира со првиот тим.
Пред неколку месеци, официјално беше повикан во сениорскиот состав на Струга Трим и Лум, што претставуваше голем чекор напред во неговата кариера. Својот деби настап за првиот тим го имаше во пријателскиот натпревар против словачкиот тим Михајловце во Анталија, каде што клубот ги одржуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната.
Со оглед на неговата амбиција и талент, со нетрпение очекуваме да го видиме Анес Максутоски како дел од тимот во официјалните натпревари оваа сезона. Му посакуваме многу успех и веруваме дека ова е само почеток на неговата кариера, која еден ден може да го однесе во некој од најголемите европски клубови.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...