Со задоволство ве известуваме дека започнаа подготовките за осветлување на патниот правец од местото викано Кореја па сѐ до мостот за Боровец.
Овој проект е од големо значење за сите жители, особено за оние кои секојдневно го користат овој пат. Со поставувањето на улично осветлување значително ќе се зголеми безбедноста во вечерните часови, ќе се олесни движењето и ќе се подобри целокупниот изглед на овој дел од населеното место.
Работите се во тек, а се надеваме дека наскоро ќе го видиме овој дел целосно осветлен и побезбеден за сите.