Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној европски изглед. Иако асфалтот е нов, патиштата без обележани бели линии не го даваат вистинскиот лик што една уредена средина треба да го има. Кога улиците немаат странични и средишни линии, изгледаат недовршено, како да недостига последниот чекор што го прави местото модерно и организирано.
Замислете како би изгледало Лабуништа ако секоја улица има јасни бели ознаки, уредени тротоари и редовно чистење со машина за чистење улици. Селото би добило сосема нова слика — поевропска, поуредена и многу попривлечна за живеење.
Тимот на Labunista.mk подготви реални визуелизации со кои сакаме да ѝ помогнеме на Општина Струга да добие јасна претстава како да ги уреди патиштата и улиците во Лабуништa — така што конечно да добијат вистински, уреден и модерен изглед.