Лабуништа Новости Понеделник 20.07.2026
Повеќе од 30 години оваа улица остана со стариот бетон поставен за време на некогашните селски работни акции. Со текот на времето, бетонот се распука, се амортизира и на многу места целосно се распадна, па делови од улицата повеќе наликуваа на земјен и каллив пат отколку на сообраќајница.
Денес конечно започна асфалтирањето на оваа улица, на потегот од чешмата кај селското училиште до раскрсницата над месноста Речиште. Со ова, една од последните улици што сè уште беше со стар бетон добива нов асфалтен слој, што значително ќе ги подобри условите за движење на жителите.
Секоја реконструирана улица претставува чекор кон поуредена и побезбедна населба. Останува надежта дека и останатите оштетени улици ќе бидат обновени во наредниот период, со што постепено ќе се подобри целокупната патна инфраструктура.
Воедно, останува и потребата овој потег да добие улично осветлување, бидејќи станува збор за една од најтемните улици во населбата, што е особено важно за безбедноста на пешаците и возачите во вечерните часови.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...