Известувања Лабуништа Новости Недела 03.08.2025
Во време кога единството е најсилната алатка за постигнување големи дела, хуманитарното здружение Дијаспора – Лабуништа се истакнува како вистински лидер и визионер во областа на хуманитарната соработка.
Со искрено срце, голема мудрост и посветеност кон заедничкото добро, ова здружение покрена вредна и мошне пофална иницијатива: обединување на сите хуманитарни здруженија во една структура или под заедничка координација – со цел поголема ефикасност, транспарентност и сила во спроведувањето на хуманитарните мисии.
Целта е јасна: Да не бидеме разделени во добрината, туку обединети во хуманоста!
Важно е да се напомене дека на оваа средба присуствуваа хуманитарни здруженија кои делуваат и локално и меѓународно, но исто така беа присутни Директорот и наставници на ООУ Мурат Лабуништа, Адвокати, Доктори, Архитекти, Директорот на Месна самоуправа и еколошки здруженија, други граѓански организации, како и интелектуалци кои беа искрено подготвени да помогнат со професионални совети и да споделат искуства – што, секако, е повеќе од добредојдено.
Хуманитарното здружение Дијаспора Лабуништа предлага два модели кои ќе овозможат сплотеност, но и флексибилност за сите здруженија – при што секој глас ќе биде слушнат, а одлуките ќе се донесуваат со заемна доверба и договор.
Моделите се поставени како отворена идеја, со намера сите заинтересирани хуманитарни здруженија да дадат свој придонес, мислење и визија – за заедно да изградиме хуманитарна платформа со долгорочно влијание. Да покажеме дека кога сме обединети, правиме чуда. Да се водиме од срцето, а да дејствуваме со разум.
Благодарност до Дијаспора – Лабуништа за оваа визија која нè инспирира и обединува! Сите здруженија се добредојдени! – Време е за заедништво.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...