Среда 29.04.2026
Вклучи се во нашата заедница
Umbrella
03:45
Имсак
04:59
Сабах
05:34
Сонце
12:44
Полден
16:32
Икиндија
19:41
Акшам
21:21
Јација

Контактирај со месната заедница на Лабуништа

Прегледи: 1.102.663

Контактирај со месната заедница на Лабуништа

(Фото): На “РАДИКА ФЕСТ” 2025 победник Ада Кадриоска од Бороец

Известувања Лабуништа Новости Околина Недела 28.12.2025


Во Центарот за културата во Дебар синоќа се одржа 16-тото издание на фестивалот на детски забавни песни “Радика Фест” 2025.

На фестивалот, кој има натпреварувачки карактер, беа изведени 12 нови авторски композиции, со изведувачи и автори од општините Охрид, Струга, Дебар, Центар Жупа, Маврово и Ростуше и други градови од републикава. На самиот почеток на фестивалот поздравен збор зеде познатиот дебарски композитор Зинче Мимидиноски, директор на фестивалот “Радика Фест” 2025 ги поздрави присутните гости а на учесниците им посака многу успех.

На фестивалот настапија околу 30 деца од Дебар и дебарско, Центар Жупа, Ростуше-Маврово, Струга и  Охрид кои изведоа 12 нови авторски композиции. Инаку, Фестивалот “Радика Фест” од Дебар во изминатите 15 изданија има реализирано повеќе од 200 композиции на кој имат настапувано над 400 учесници.

-Првата награда од стручното жири на фестивалот ја доби Ада Кадриоска од Бороец, Струга, за композицијата „Хоби”, автор на музика е Зинче Мимидиноски, текст Тодоровска, аранжман на Јовица Каралиевски.

-Наградата од публиката, ја освои Мелда Кадри од Дебар која настапи со композицијата “Малата Манекенка“. .Наградата за најдобра вокална изведба ја доби Бида Оручоска од Косоврасти, Дебар за изведба на композицијата „Зима“.

-Најдобриот сценски настап го имаше Елина Смајлоска од Бороец, Струга, која ја испеа песната „Снегулка”. На фестивалот се доделија награди и за Бест Хит, Бест Тлент и Бест Јуниор талент.

Мора да напоменеме дека сите учесници беа наградени за што добија Дипломи за учество и одличја на фестивалот “Радика Фест” 2025.

Директорот на фестивалот Зинче Мимидиноски, не го криеше задоволството за успешно реализираното 16-то издание на фестивалот “Радика Фест” 2025. Сите изведувачи заслужуваат највисока оцена, уште еднаш им честитам на сите за одличните интерпретации при што очекувам наредната година уште поуспешно издание, рече Мимидиноски.

Од дванаесетте нови авторски композиции десет се на познатиот дебарски композитор Зинче Мимидиноски и по една на Јовица Каралиевски и Ибраим Исламоски-Бале. Текстовите беа дело на познати поети меѓу кои Лила Тодоровска од Крива Паланка, Биљана Тодоровска и Олга Наумовска од Битола,Милка Минкова од Кавадарци, Весна Стојковска од Белград и др.

Фестивалот финансиски беше поддржан од : Општина Дебар, ТД БОГРАД Струга ДОО, АРСЕНАЛ Дооел Струга, ТД ГАЈРЕТ с.Лабуништа Струга, Дооел ЈАСЕН Подгорци, Струга како и Центар за култура - Дебар

Гостин во програмата на фестивалот како и минатата година беше ГАКУД „Браќа Ѓиноски” од Гостивар.

Прегледи: 435

Биди умен

Во џума не излегви со кола.

#сподели
Најчитани новости
Неверојатната Приказна на Мухаммед Хусрев од Лабуништа: Живот Полн со Борба и Наследство
Неверојатната Приказна на Мухаммед Хусрев од Лабуништа: Живот Полн со Борба и Наследство
Недела 26.01.2025

Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...

Пресели Д-р Минур Мемишоски – Почитуван Стоматолог
Пресели Д-р Минур Мемишоски – Почитуван Стоматолог
Сабота 15.02.2025

Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...

Пронајден камен со природни арапски написи „Аллах“ и „Мухаммед“ во Лабуништа
Пронајден камен со природни арапски написи „Аллах“ и „Мухаммед“ во Лабуништа
Сабота 30.08.2025

При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...

Се продава куќа со двор во Лабуништа – 540 м² куќа + 1500 м² двор
Се продава куќа со двор во Лабуништа – 540 м² куќа + 1500 м² двор
Среда 03.09.2025

Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...

Масовен јавен собир во Лабуништа: Граѓаните бараат решенија за проблемите со обложувалниците и гејминг клубовите
Масовен јавен собир во Лабуништа: Граѓаните бараат решенија за проблемите со обложувалниците и гејминг клубовите
Петок 24.04.2026

Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...

Познато новото раководство на Лабуништа – еве кој ќе ја води месната заедница!
Познато новото раководство на Лабуништа – еве кој ќе ја води месната заедница!
Сабота 10.01.2026

Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...

Ејлем Бекироска од Лабуништа освои бронзен медал на меѓународниот натпревар INFOMATRIX ASIA 2026 во Астана
Ејлем Бекироска од Лабуништа освои бронзен медал на меѓународниот натпревар INFOMATRIX ASIA 2026 во Астана
Петок 27.03.2026

Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...

Селото му посакува среќно пензионирање на Сафет Демиралеиски – човекот што ја пресметуваше не само математиката, туку и добрината
Селото му посакува среќно пензионирање на Сафет Демиралеиски – човекот што ја пресметуваше не само математиката, туку и добрината
Петок 31.10.2025

По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...

Честитка до д-р Ферид Салкоски од жителите на Лабуништа по повод стекнувањето на титулата субспецијалист по педијатриска пулмологија
Честитка до д-р Ферид Салкоски од жителите на Лабуништа по повод стекнувањето на титулата субспецијалист по педијатриска пулмологија
Петок 25.04.2025

Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...

Првите Лабуништани на Хаџ: Патување со трагичен крај
Првите Лабуништани на Хаџ: Патување со трагичен крај
Недела 09.02.2025

Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...

Асфалтирани улици, но без лик — време ли е за вистински ред?
Асфалтирани улици, но без лик — време ли е за вистински ред?
Недела 16.11.2025

Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...