Лабуништа Новости Вторник 11.11.2025
По успешната и инспиративна организација на Лабуништаните во Италија, сега по истите благородни стапки чекорат и нашите Лабуништани од Австрија. Со голема љубов, посветеност и вера, Дијаспората од Горна Австрија организира донаторска вечер по повод доградбата на џамијата „Мехмед Али Паша“ во Лабуништа. Настанот ќе се одржи на 22 ноември 2025 година, во просториите на Volkshaus Neue Heimat, Linz, со почеток од 16:30 до 21:00 часот.
Под слоганот инспириран од зборовите на Пратеникот, с.а.в.с: „Кој ќе изгради џамија ради Аллах, Аллах ќе му изгради куќа во Џеннет“ , Лабуништаните уште еднаш покажуваат дека љубовта кон верата, заедништвото и родното огниште немаат граници.
Вечерта ќе биде исполнета со богата духовна програма — учење на Куран, илахии и предавања, со гости:
Хафиз. Мурат Башер
Маг. Енес Омеровиќ
Хафиз. Мустафа Усеиноски
Хафиз. Ахмед Усеиноски
Хафиз. Мухаммед Усеиноски.
Средствата собрани на овој настан ќе бидат целосно наменети за доградба на џамијата „Мехмед Али Паша“ во Лабуништа — место кое за секој Лабуништанец претставува симбол на вера, припадност и духовна сила.
Оваа иницијатива уште еднаш ја потврдува нераскинливата врска меѓу дијаспората и татковината. Иако далеку од родниот крај, срцата на Лабуништаните чукаат во ист ритам — со љубов, солидарност и гордост кон местото од кое потекнуваат. Дијаспората од Австрија со овој гест не само што вложува во објект од камен, туку и во духовен дом што ќе ги поврзува генерациите кои доаѓаат.
Љубовта кон Лабуништа не познава далечина — таа се гради со вера, срце и дела.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...