Лабуништа Новости Четврток 30.07.2026
Голема чест и радост е што Лабуништа имаше свој претставник на Меѓународниот натпревар во учење на Кур’ан, кој се одржа во Скопје.
Нашата хафиза Елхана Максутоска учествуваше во првата категорија – учење на целиот Кур’ан, претставувајќи ги достоинствено нашето место, нашите џамии и традицијата на љубов кон Аллаховата Книга. Ова е плод на искрен труд, посветеност и истрајност, но и поттик за сите млади да го следат патот на Кур’анот, неговото учење, разбирање и живеење.
Го молиме Аллах, Возвишениот, да ѝ подари успех, цврстина и бериќет во знаењето, да ја награди со најубава награда за нејзиниот труд и да ја направи причина преку нејзиниот пример и залагање од Лабуништа и пошироко да излезат уште многу хафизи на Кур’ан, кои ќе бидат светлина за своите семејства, заедницата и умметот.
„Најдобрите меѓу вас се оние кои го учат Кур’анот и ги поучуваат другите на него.“ (Бухари)
Нека Аллах го благослови секој чекор направен на патот на Кур’анот и нека ја направи Лабуништа место од кое ќе никнуваат генерации чувари на Неговата Книга.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...