Лабуништа Новости Четврток 11.12.2025
Лабуништа денес доби уште еден значаен кадар во областа на здравството. Амер Османоски, кој деновиве беше најавен за одбрана на својот специјалистички труд на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, успешно ја одбрани својата специјализација.
Специјалистичкиот труд на Османоски е од областа фитотерапија – хербални лекови и додатоци на исхраната, со наслов: „Фитотерапевтски пристап во менаџирање на различни состојби кај женскиот репродуктивен систем“.
Овој труд претставува значаен придонес во современите фармацевтски практики, особено во примената на природни терапии и нивната улога во женското здравје.
Одбраната се одржа денес на Фармацевтскиот факултет во Скопје, каде Османоски со успех го презентираше својот труд и ги убеди членовите на комисијата во квалитетот на своето истражување.
Со ова, Лабуништа добива специјалист по фармација – млад, стручeн и посветен кадар кој несомнено ќе придонесе за унапредување на здравствената грижа во заедницата.
Честитки до Амер Османоски за успехот и за новото професионално поглавје!
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...