Известувања Лабуништа Новости Сабота 26.09.2026
Во Лабуништа ќе се одржи трибина на актуелна и значајна тема: „Религија, народ и идентитет – дали можеме сето тоа да го чуваме?“
Трибината ќе се одржи во недела на 27 септември 2026 година во 19:00ч (после акшам) во просториите на Месната заедница Лабуништа (поранешно „Икре“).
Гости на трибината ќе бидат двајца доктори од Босна и Херцеговина – д-р Адем Залихиќ и д-р Јусуф Мехиќ, кои ќе бидат придружувани од почитуваниот професор Џевад еф. Хот од Скопје.
Во рамки на настанот ќе биде промовирана и книгата „Босна и Бошњаци од Антика до Османлии“, авторско дело на д-р Адем Залихиќ.
Д-р Адем Залихиќ е роден на 13 март 1971 година во Мостар, каде што го завршил основното и средното медицинско образование.
Медицинскиот факултет во Сараево го завршил во мај 2005 година.
По положувањето на специјалистичкиот испит, во јануари 2013 година се стекнал со звање специјалист по ургентна медицина. Во февруари 2014 година го стекнал и магистерскиот степен на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Сараево.
Трибината ќе биде можност за отворен разговор и размена на мислења за прашањата поврзани со религијата, народот, идентитетот, културното наследство и зачувувањето на вредностите.
Организаторите ги покануваат жителите на Лабуништа и околината да присуствуваат на настанот и да бидат дел од оваа дискусија.
Едно прашање. Една шанса. Колку добро ги знаеш правилата?
1 учесници во квизот денес
Едно прашање. Една шанса. Колку добро ги знаеш правилата?
1 учесници во квизот денес
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...