Лабуништа Новости Понеделник 09.06.2025
Во Основното општинско училиште „Мурат Лабуништа“ се одржа Бајрамски базар, организиран од страна на учениците, наставниците и родителите. Настанот се одвиваше во празнична и топла атмосфера, со цел заедничко одбележување на еден од најзначајните празници за верниците муслимани – Курбан Бајрам.
На базарот беа изложени традиционални јадења, рачно изработени честитки, украси и уметнички дела, создадени со многу љубов, труд и креативност. Целиот настан беше израз на културна разноликост и заедничка заложба за негување на традиционалните вредности.
„Добредојдовте на нашиот Бајрамски базар! Нашите ученици работеа напорно за да организираат посебен настан со вкусна храна и креативни дела. Заедно со учениците учествуваа и наставниците и родителите за да го прославиме овој посебен момент заедно и да ја доживееме убавината на нашата заедничка култура,“ истакнаа организаторите од училиштето.
Настанот беше поздравен од страна на бројни посетители – ученици, родители, наставници и жители на Лабуништа, кои го поддржаа со своето присуство и придонесоа кон неговата успешна реализација. Бајрамскиот базар уште еднаш потврди дека училиштето е не само образовна институција, туку и важен културен и општествен центар во заедницата.
Едно прашање. Една шанса. Колку добро ги знаеш правилата?
1 учесници во квизот денес
Едно прашање. Една шанса. Колку добро ги знаеш правилата?
1 учесници во квизот денес
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...