Лабуништа Новости Четврток 09.04.2026
Во Лабуништа постојат вкусови што не се забораваат. Како уникатниот вкус на сендвичот од Ранефа, мирисот што буди глад уште од првиот чекор низ селото, или пак лабунишката бачилска алва, слаткото наследство што со децении ја чува душата на традицијата.
Меѓу тие вкусови што станале дел од идентитетот на Лабуништа, посебно место има уште една легенда — сладоледот од ке Аџо Мучета.
Сè започнало далечната 1972 година, кога татко му на Аџо Муче, со многу труд, љубов и желба почнал да работи во Ресен. Таму ги направил првите чекори, ги научил тајните на вкусот и ја создал основата на она што денес е гордост на Лабуништа. После тоа отишол во Претор.
Така, во 1989 година, во срцето на селото за првпат се отвори „Тренд“, место што многу брзо прерасна во повеќе од обична слаткарница. Стана симбол на летните вечери, детската радост и неизбежна станица за секој што минувал низ Лабуништа.
Со својот автентичен традиционален вкус, подготвен по рецепт чуван со децении, овој сладолед стана дел од растењето на генерации. Тука првите сладоледи ги пробаа децата од 80-тите и 90-тите, а денес истите тие со насмевка ги носат своите деца и внуци на истото место.
Има спомени што засекогаш остануваат врзани со едно место и еден вкус. Многу често кога одевме да купиме сладолед за цела фамилија, а најмалите нетрпеливо стоеја покрај нас со очи полни радост.
Тогаш секогаш се слушаше истото детско прашање: „Аџо Муче, можит една празна корнета за шугарињава?“
А тој, со својата препознатлива насмевка и големо срце, секогаш велеше: „Еве повели, ова е од мене… во животот никогаш не сум наплатил корнета.“
Токму во тие мали гестови се крие големината на оваа приказна — не само вкусот, туку и човечноста, топлината и љубовта кон луѓето што со години го прават ова место посебно.
Денес, третата генерација со истата посветеност го продолжува овој семеен занает, чувајќи го истиот препознатлив вкус што порасна со Лабуништа. И не само што традицијата продолжува, туку денес сладоледот е вистинска сензација.
Од класичните и безвременски чоколадо и ванила, до омилените страчатела, лешник, боровница и многу други вкусови — секоја топка сладолед носи дел од истата магија што трае со децении.
Она што го прави навистина посебен е уникатното чувство во уста — богат, тегав и кремаст, подготвен од домашно млеко, со полн и природен вкус што се чувствува во секој залак. Секој вкус се отвора полека, останува на непцето и буди спомени што не се забораваат.
Затоа „Сладоледот од ке Аџо Мучета“ денес не е само сладолед, туку вистински лабунишки бренд, вкус што ги обединува минатото, сегашноста и идните генерации.
Кој дошол во Лабуништа, а не го пробал, сè уште не ја вкусил една од најубавите традиции што времето овде успеало да ја сочува.
„А сега, повели… каков вкус сакате?“
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...