Во среда, 10 септември, ќе започнат работните активности за доградбата на Мехмед Али Пашина џамија (позната како Горна Џамија) во Лабуништа.
По тој повод, се замолуваат сите жители кои своите возила ги паркираат во паркингот на самата џамија, како и на плоштадот пред неа, да престанат со паркирање и да ги отстранат автомобилите доколку веќе се паркирани. Оваа мерка е неопходна за да не се отежнува изведбата на работите и за градежните активности да се одвиваат без пречки.
Воедно од страна на Иницијатвниот Одбор известуваат дека започнуваат со прибирање на финансиски и материални донации за што побрзо да се заврши доградбата. Секој заинтересиран донатор да се обрати до Иницијативниот Одбор